
Облачно со повремени врнежи од дожд
МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА сабота 24.05.25: Утре ќе има врнежи од дожд проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70км/ч). Локално врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, повремено пороен проследен со појава на грмежи и засилен северен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 21 степен.
В недела времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во источните делови, каде ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Повремен локален дожд ќе има и в понеделник претпладне. До среда ќе дува засилен северен ветер.