Како домашните компании да учествуваат повеќе во тендерски постапки на НАТО
На состанокот се дискутираше за подобрување на деловниот амбиент и економската активност на компаниите
Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржаа работна средба со извршниот директор на Бизнис клубот на Евро-атлантскиот совет, Светозар Јаневски, претседателот Исмет Рамадани, како и со стопанственици членови на раководството на Бизнис клубот.
На состанокот се дискутираше за подобрување на деловниот амбиент и економската активност на компаниите, како и за проекти кои се очекува да ги зголемат вработувањата во земјава и да се активираат селата и руралните средини. Дополнително особен фокус беше ставен на ИТ секторот и креирање на додадена вредност, а од страна на стопанството беше нагласено дека согласно истражувањата Северна Македонија е лидер на Балканот во Е-Влада, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Заев искажа поддршка за идеите кои доаѓаат од деловната заедница, која треба да го придвижи економскиот раст во земјата и ги охрабри стопанствениците да продолжат со плановите за инвестициски циклуси и вложување во човечкиот капитал со цел заеднички да се прилагодуваме на новите и современи економски текови за успешно надминување на предизвиците од глобалната пандемија.