fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Како побрзо до светските пазари

Корона-кризата наметна потреба од дистанцирање и излегување од домовите само во неопходни ситуации. Поради ваквите препораки, во насока на сузбивање на ширењето на вирусот, голем број граѓани ги сведоа своите активности исклучиво на набавка на основни продукти, како што се прехранбените и други домаќински продукти. Поради тоа, потрошувачката на прехранбени производи и во најголемиот рестриктивен период се одржа и се покажа како една од најсигурните дејности во периодов. Македонија како земја со изобилство на сонце има врвен квалитет на земјоделските производи, сепак мал дел од нив се обработува во насока на добивање поголема трајност и поголема додадена вредност. Дали оваа криза ќе биде показател дека овој регион има голем потенцијал за вложување во прехранбената индустрија и од свежо овошје и зеленчук ќе произведуваме повеќе трајни продукти што ќе се пласираат на домашниот и странскиот пазар?
– Со појавата на епидемијата се појави и еден локалпатриотизам, враќање во рамките на своите економии. Многу држави најавија купување сопствени продукти, производи произведени во земјата, нешто што беше забрането од Светската трговска организација. Сега имаме протекционизам, и тоа го практикуваат пред сѐ големите држави, бидејќи се соочуваме со недостиг од производи, почнувајќи од земјоделските производи, но и други продукти…

Поради таа состојба се преземаат чекори за заштита на домашното производство, сите се вртат кон својата економија, но ние како држава не преземавме исти мерки како развиените земји за заштита и за промоција на домашните продукти. Треба да се вратиме кон домашното производство, да го трошиме домашното и со тоа да си ги зголемуваме потрошувачката и приливите – вели Љупче Станковски, претседател на здружението на земјоделци „Агрофаланга“.
Тој додава дека предноста на странските инвеститори се големата софистицираност на производството, подобрата технологија што ја поседуваат, како и големите количества продукти, кои им овозможуваат многу пониска цена, со што ги рушат домашните производители.
– Сметам дека државата може да интервенира со подобрување на условите за откуп на продуктите. Сега откупувачите се во монополска позиција и честопати ги уценуваат производителите за пониски цени, да им ги дадат продуктите по пониски цени и го рушат производството. Потребни се поконкретни мерки за поддршка на земјоделците – заклучува Станковски.

Промени за да се надмине кризата

Претставниците на бизнис-заедницата посочуваат дека оваа криза е голем шок за сите, а особено за меѓународната трговија, но истакнуваат дека за да се опстане, неопходни се промени.
– Неоспорно е дека глобалната пандемија предизвика голем шок во меѓународната трговија, но во сценарио кога економијата низ светот е на работ од долготрајна криза, за да се опстане мора што поскоро да се прифатат неминовните промени и новата реалност. Соочени со специфичните и отежнати околности за работа што со себе ги донесе пандемијата на ковид-19, „Виталиа“ покажа дека може да се потпре на својот тим и да докаже дека вистинската сила е во посветеноста, флексибилноста и приспособливоста соодветна на вонредната ситуација. Уште од самиот почеток на здравствената криза, „Виталиа“ ги имплементира најстрогите мерки и препораки на СЗО во насока на максимална заштита на вработените во производствениот и логистичко-дистрибутивниот процес, но и за заштита на самите потрошувачи – вели Искра Ветаџакоска – Муцунска, генерален менаџер и косопственик на „Виталиа“ и додава дека сепак успеваат успешно да ги надминат сите предизвици. Целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Извор:Новамакедонија.цом.мк

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close