fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Скок на цената на пченицата на светските пазари

Цената на пченицата на меѓународните пазари нагло се покачи откако Индија го забрани извозот на главните житни култури, јавува „Би-Би-Си”.

Цената на пченицата на меѓународните пазари нагло се покачи откако Индија го забрани извозот на главните житни култури, јавува „Би-Би-Си”.

Индија е втор најголем производител на пченица во светот, но досега не беше главен извозник оттаму што најголем дел од остварените приноси ги трошеше за сопствени потреби.

Владините претставници во Њу Делхи соопштија дека забраната не е трајна и оти може да се преиспита.

Цените на пченицата годинава пораснаа за околу 60 насто на светските берзи.

Ситуацијата со цената на пченицата настана откако запре извозот од Украина, која е еден од најголемите производители на таа житна култура во светот со седумпроцентно учество во глобалното снабдување.https://www.slobodenpecat.mk/skok-na-cenata-na-pchenicata-na-svetskite-pazari/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close