fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Како земјите од регионот се справуваат со свинската чума

Србија има двегодишно искуство со африканската свинска чума.

Ветеринарната комора на Република Северна Македонија беше домаќин на делегации од ветеринарните служби и институции од Република Србија и Република Хрватска. Директорот на Ветеринарната комора, д-р Томислав Николовски на прес-конференција информираше дека состанокот ќе го искористат да разменат мислења, состојби и информации што се од интерес за државата, по појавата на африканската свинска чума.

Д-р Мишо Коларевиќ, претседател на Ветеринарната комора на Република Србија и директор на Ветеринарниот институт во Краљево изјави дека Србија има двегодишно искуство со африканската свинска чума.

– Во моментов, до негде е стабилна состојбата, но имавме и случај со појава на една поголема фарма каде мораше да бидат отстранети 20.000 свињи. Тоа е и најголемата опасност, таа да пробие во интензивното производство бидејќи во тој случај има големо економско влијание, рече Коларевиќ.

Во однос на мерките тој препорача дека кога е во прашање африканската свинска чума, нема специфична терапија ниту вакцина, па затоа е потребно да се практикуваат био-сигурносни мерки, што подразбираат контрола на увозот, дезинфекција, дезинсекција, одговорно однесување на сопствениците на животните, со што ќе се намали ризикот од болеста.

Претседател на Хрватската ветеринарна комора, д-р Иван Земљак истакна дека со појавата на африканската свинска чума во Европа во 2019 година, Хрватска започна да спроведува категоризација на сите сопственици на свињи и издаде препораки за био-сигурносни мерки со цел да спречат контакт на домашни и диви свињи.

– Оваа година имаше отстрането голем број на диви свињи, со цел да се намали бројот и да не дојде до појава на болеста, додаде тој.https://nezavisen.mk/kako-zemjite-od-regionot-se-spravuvaat-so-svinskata-chuma/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close