Овоштарство
Во втората половина на декември, дневните и ноќните температури најчесто имаат
негативни вредности и овошните дрва преминуваат во зимски одмор. Сепак,
најпосветените овоштари може да ги искористат зимските месеци за некои итни зимски
заштитни активности.
Зимските, а и сите останати третирања против болести и штетници, не би биле доволно
ефикасни, доколку физички не се одстранат гнездата во кои презимуваат гасениците или
јајцата на штетниците. Кога ке дозволат временските услови, потребно е да се испрскаат
овошките со 2% раствор на бордовска чорба против габични болести и против антракноза
и дидимела кај малините и рибизлите. Овошките кои се нападнати од грини, лисни и
штитоносни вошки треба да се испрскаат со минерални масла во соодветна
концентрација на растворот, а младите овошки да се заштитат од зајаци со соодветни
репеленти.
Градинарство
“Мртво” време за градинарите нема, а поготово за оние кои се занимаваат со
производство на расад за рано-градинарско производство. Во овај период почнува
наѓубрувањето на леите во оранжериите и во леите во кои се планира подоцна
производство на покасни сорти градинарски култури може да се посадат зелена салата и
лук. Во деновите кои што се погодни за работа, потребно е да се припреми почвената
смеса која што ќе се користи при пресадувањето.
Градините треба да се исчистат од остатоците од претходните култури, а поготово од
кочаните од доцната зелка, каде што може да презимуваат штетниците кои што се од
економска важност. Овај период е соодветен и за ѓубрење со суперфосфати или
калиумови ѓубрива, зависно од потребите на почвата.
Лозарство
И лозовите насади се во фаза на мирување, но кога дозволуваат временските услови, во
насадите може да се продолжи со неопходните третмани. При тоа потребно е да биде
заштитен коренот на лозите за да не настрада од мразот.
Исто така доколку имало пообемни подоцнежни есенски дождовии доколку областа е
пренавлажнета, задолжително треба да се изврши одводнување. Декември е соодветен
месец за реконструкција на конструкциите, за припремање на теренот за подигнување на
нов лозов насад.
Сточарство
Временските услови во овој период од годината налагаат шталски систем на
одгледување на домашните животни. Шталите претставуваат средини кои што многу
повеќе се населени со микроорганизми, за разлика од отворените пасишта и ливади..
Сепак, тоа зависи од сточарот, од квалитетот и квантитетот на прихраната, зоохигиената
и технолошките фактори на средината, количеството и квалитетот на добиената
животинска продукција.
Лошите хигиенски услови во просториите за одгледување на домашните животни: заситен
воздух со амонијак, водород, сулфур, јаглерод диоксид и други штетни гасови – од
испарувањето на урината може да предизвикаат непосакувани дејствија. Затоа треба да
се посвети посебно внимание на тоа.