fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кампања „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“

Возачите на трактори, мотокултиватори и други земјоделски машини се рамноправни учесници во сообраќајот и дека возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот треба да ги почитуваат и да им обрнат соодветно внимание, особено во овој период од годината кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, секоја година во овој временски период, реализира кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини заради нивното зголемено учество во сообраќајот во овој период од годината.

Кампањата се спроведува на територијата на целата држава преку средби на претставници од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје со возачи на трактори и земјоделски машини, превентивно-едукативни разговори со нив и други активности, со цел подигање на свеста за управување на технички исправни, регистрирани и видливи трактори и земјоделски машини заради нивно одговорно и безбедно учество во сообраќајот.

РСБСП потсетува дека возачите на трактори, мотокултиватори и други земјоделски машини се рамноправни учесници во сообраќајот и дека возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот треба да ги почитуваат и да им
обрнат соодветно внимание, особено во овој период од годината кога поинтензивно се одвиваат земјоделски активности.

Истовремено, посочува и на неопходноста возачите на трактори и земјоделски машини да управуваат со технички исправни и регистрирани трактори и други работни машини, да избегнуваат учество во сообраќајот ноќе и за време
на неповолни временски услови (дожд, магла), а посебно внимание да посветат на нивната што поголема видливост во сообраќајот.

РСБСП упатува апел до возачите на трактори и земјоделски машини: Возете регистрирани, технички исправни и означени возила. Бидете видливи во сообраќајот и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи.

Возете одговорно! БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО!

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close