![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/ljupco-nedelkovski-780x470-1-780x470.jpg)
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски објави-Можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата
Преку ИПАРД Програмата, може да се набавува модерна земјоделска механизација
Министерот Љупчо Николовски објави- Владата и Министерството ќе се залагаат за уште поголема вклученост во новата ИПАРД 3 Програма. Преку ИПАРД Програмата, може да се набавува модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, средствата се наменети за поддршка за туризмот, како и за рурален развој.
Она што како нова мерка со новата ИПАРД 3 Програма го предвидуваме е и можноста за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата. На овој начин помагаме апликантите да можат веднаш и побрзо да започнат со реализација на својот ИПАРД проект.