Кампањата „Дојди, види, вкуси“-промоција и брендирање на домашното македонско производство
Утре во населба Ѓорче Петров-Скопје
Во организација на здружение на граѓани Еко Партнерс на 23 септември (сабота) во 18.00 часот во паркот во Ѓорче Петров четврта година по ред ќе се организира настан ,,Ден на органско производство и форум за еко туризам преку регионални практики,, спонзориран од Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство,23 септември дополнително e ,,Ден на органското производство на ЕУ,, .
Визијата на Еко Партнерс е градење на јак локален и регионален развој кој ќе овозможи заштита на животната средина, и работи за зајакнување , вмрежување на локалните и регионалните капацитети на микро и семејните бизниси, на полето од органското производство, екотуризмот, агри туризмот, екологијата,создавајки услови за нови зелени работни места и оддржливост на дестинациите.
На манифестацијата ќе присуствуваат голем број на производители на органско производство со своите производи ќе ја збогатат со повеќе од 200 производи самата манифестација.
Винскиот туризам, или попознат како „ено-гастро концепт“ е меѓу најпопуларните трендови во светот бидејќи претставува совршен спој на локално вино и хедонизам. Нашата земја со својата местоположба, клима и гостопримливост, се наметнува како една од земјите со најголем потенцијал за ено-гастро туризмот како клучен сегмент од туристичката понуда.,,истакна Дејан Арсов од Еко Партнерс .
На настанот ќе имаме можност се дегустираме органска храна,аронија,мед,органско вино и секако малите семејни бизниси се испромовираат ,поддржат и како свој бренд бидат препознатливи на пазарот.
Кампањата ,,ДОЈДИ ,ВИДИ,ВКУСИ ,, е со фокус на промоција и дополнително брендирање на домашното македонско производство.