Вести
Канцеларија на ЛАГ во Старо Нагоричане
Министерот за земјоделство, Михаил Цветков, директорот на УСАИД во Македонија Џејмс Стејн, и претставничката на амбасадата на Швајцарија Бригит Хадман, свечено ги отворија канцелариите на две нови локални акциони групи, ЛАГ -ови во североисточниот регион.
Првата од нив е во Старо Нагоричане. Во партнерство со Центарот за развој на североисточниот плански регион беа формирани локалната акциона група „АБЕР“ 2015 од претставници од општините Старо Нагоричане, Липково и Куманово и локалната акциона група „Осоговски лисец“ формирана од претставници од општините Ранковце, Кратово и Крива Паланка.