Агро бизнисВестиМлад земјоделецТоп вести
Увозот на компири ги уништува домашните производители-цената на домашниот компир е од 15 до 20 денари за килограм но никој не го бара
Кој и зошто го уништува домашното производство на компири?
Земјоделци, производители на компири до Зелена берза реагираат за јавно да се објави проблемот – увозен компир им штети на откупот на домашниот род. Велат дека увозниот компир се продава по 20 денари, а домашниот од 15 до 20 денари, но никој не го бара.
Земјоделците велат дека цената на домашниот компир е многу ниска, а се увезува компир со уште пониска цена. Ваквата состојба ќе ги уништи помалите производители на компир, додека поголемите домашни производители веќе бројат загуби.
Производителите на компири бараат МЗШВ да преземе мерки да го стопира увозот на компири и да се спречи уништувањето на домашното производство на компири.
А.Б



