fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Имаме информации дека се спрема корекција на цената на тутунот

Според последните неофицијални информации од понеделник 20.11.2023 год има најава од страна на откупните фирми Алијанса и Тутунски комбинат да отпочнат со овогодишниот откупот на тутун.  До овој момент ниту една фирма официјално нема истакнато откупна цена односно корекции на откупните цени. Неофицијално за понеделник 20.03.2023 год во Скопје во Министерство за земјоделие е закажана средба меѓу директорите на откупните фирми и ресорното министерство за земјоделие каде ќе се разговара околу корекции на откупните цени на тутунот.

Почитувани тутунопроизводители!

Почитувани тутунопроизводители,  до нас како Национална земјоделска мрежа пристигнуват неофицијални информации дека одредени откупни фирми се спремни на корекции на цените додека други се за да останат цените што се во договорите.  Националната земјоделска мрежа апелира до сите тутунопроизводители добро да размислат колку им вреди маката дали и по која цена ќе го предадат овогодишниот род. Нашиот став како Национална земјоделска мрежа околу висината на откупните цени е јасно искажан поточно тутунот може и мора да се плати 10 евра по кг.  На нас како производители е секој по свое видување и убедување да си го процени сопствениот труд и трудот на своето семејство од што ќе зависи и елементарниот опстанок на секој тутунопроизводител и неговото семејство односно дали и за која цена на тутунот сме спремни да го произведуваме.

Ѓорги Каракашев, претседател на  Национална земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close