вестиМакедонијаТоп вести

Млекопроизводителите на протест бараат исплата на субвенциите за 2019 и 2020 година

Пелагониските млекопроизводители денеска излегоа на предупредувачки протест со барање да им бидат исплатени субвенциите за млекото за 2019 година и 6 месеци од 2020 година. Тврдат дека се забореване од власта, пари нема, а производствените трошоци секојдневно им се зголемуваат. Бараат парите за  неисплатените субвенции за година и пол  да се обеббедат со ребалансот на буџетот.

Не се задоволни ниту со откупните цени на млекото. Велат, млечните производи постојано поскапува во малопродажба, но од тие покачувања за нив нема ни денар, поради што нема интерес за сточарството, а сточарите се десеткувани.

Млекопроизводителите од Пелагонија најавија радикални протести, со блокада на магистрални патишта, доколку за една недела не добијат одговор за нивните барања. Од подрачното оддделение на Министерствот за земјоделие, велат дека се прават напорти пари за субвенциите за 2019 година да се обезбедат со ребаланс на буџетот.

Извор: Телма

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close