fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Одлучни сме да предаваме тутун по реална цена од 600 денари за кг. и откупот да започне час побрзо

Исполнети се сите законски предуслови за измена и дополнување на договорите преку анекс на договорите во делот на зголемување на откупните цени. 

Почитувани тутунопроизводители!

Очигледен е фактот дека откупните фирми како и ресорното министерство се однесуват крајно игнорански кон јасно искажаните и издржани барања за зголемување на откупните цени на тутунот. Факт е дека се поигруваат со трпението и играат на картата да се пролонгира максимално реалниот откуп, а притоа свесни за нашата тешка социоекономската состојба и преку свесно пролонгирање на откупот да не доведат пред свршен чин да мора да го предаваме тутунот под нивни услови.

И во ова прилика јасно ќе нагласиме дека цврсто сме одлучни да предаваме тутун по реални откупни цени од 600 денари за кг. и откупот да започне час побргу.

Како Национална земјоделска мрежа ќе им го посочиме Член 18 од Законот за тутун според кои  исполнети се сите законски предуслови за измена и дополнување на договорите преку анекс на договорите во делот на зголемување на откупните цени.  Доколку во најбрз рок не се прифатат нашите укажувања и барања се остава простор за сомнеж дека повторно се прави обид за манипулација и злоупотреба на нас тутунопрлизводителите што дефинитивно ќе предизвика непосакувани реакции кај ова група на граѓани кои својата единствена егзистенција ја обезбедуват токму преку ова стопанска дејност. Ситуацијата е крајно сериозна и чуствителна и благовремено укажуваме најитно и сериозно да се пристапи кон изнаоѓање на решение

Со почит Ѓорги Каракашев Национална земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close