Каракашев-Оваа година сме сведоци на масовен бојкот на откупот на тутунот, како последица на понижувачките откупни цени
Ставот на Националната земјоделска мрежа во врска со динамиката на откупот на тутунот и објавените официјални информации од страна на земјоделскиот инспекторат за откупени количини од 5.3 милиони килограми
Ставот на Националната земјоделска мрежа во врска со динамиката на откупот на тутунот и објавените официјални информации од страна на земјоделскиот инспекторат за откупени количини од 5.3 милиони килограми е следниот :
Оваа година сме сведоци на масовен бојкот на откупот на тутунот главна причина за тоа е понудената откупна цена од страна на откупните фирми кои не ја покриват ни производната цена по килограм тутун со што тутунарите се доведени во ситуација да работат со чиста загуба Во отсуство на конкретни активности од страна на Сојузот за решавање на ова прашање заедно со Тутунска надеж како правни субјекти побаравме средба со откупните фирми под медијаторство на МЗШВ од каде уредно бевме одбиени како нерелевантни Со самото тоа и од страна на ресорното министерство и од страна на откупните фирми се потврдија намерите да се изврши брз откуп по едни такви девалвирачки цени За среќа тутунарите ги препознаа овие манипулации и цврсто сплотени и одлучни останаа и се уште се на став да се борат и изборат до крај за нивните оправдани барања Во ова прилика сакаме да упатиме јавно прозивање до инспекторатот што е преземено околу манипулативните анекси кои им беа подметнувани на тутунарите и како на тие луѓе ќе им биде исплатена разликата помеѓу цените во договорите и манипулативните анекс договорите. Кој ќе ја сноси одговорноста? Според последните информации поголем дел и многу поквалитетен тутун стои кај тутунарите и прашање е дали и колку се спремни тутунарите да го предадат тутунот по вакви срамни и понижувачки цени. На потег се Министерството и откупните фирми.
Ѓорги Каракашев претседател на Национална земјоделска мрежа