
Каракашев возврати на арогантниот однос на Кире Ристевски кон него
Јавно Ве повикувам да се извините за јавно искажаните навреди кон мене, во спротивно ќе бидам принуден на правни дејствија против Вас, го повика Каракашев, Кире Ристевски.
Ѓорги Каракашев – претседател на Национална земјоделска мрежа возврати на пишувањето и на како што вели арогантниот однос на Кире Ристевски, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија, кон него.
Почитуван Ристевски
Јавно Ве повикувам да се извините за јавно искажаните навреди кон мене, во спротивно ќе бидам принуден на правни дејствија против Вас. Многу срамно и понижувачки се од Ваша страна настапите лично кон мене што искрено ја срамите титулата што ја носите дип.агроном.
Почитуван Ристевски во ниеден момент не Ве спомнав како личност и се прашувам од каде таа дрскост и омраза кон мене? Околу Вашите одговори на прашањата што Ви ги упативме јавно кон Вас како Сојуз не ни одговоривте.
На кој начин и по кој законски основ го црпите вашиот легимитет и овластување за застапување Законот во тој дел е јасен и дециден. Минимум две здруженија со минимум вкупен број на членови од вкупно запишаните тутунопроизводители во ИСЕТ системот за тековната производна реколта. Во отсуство на ваш прецизен одговор се остава сомнеж за груба манипулација и злоупотреба на Законот за тутун што може да предизвика правни консеквенци, но тоа ќе го истражат надлежните органи.
Околу улогата на Национална земјоделска мрежа во корекција на откупните цени на тутун последниот збор ќе го кажат тутунопроизводителите и членовите на НЗМ. Ве замолуваме да не ги замајувате тутунопроизводителите и јавноста со погрешни информации затоа што со сегашното законски решение вашата улога како Сојуз е фигуративна без никакво значение ниту правна тежина за да можете да им паркирате на откупните компании како рамноправен социоекономски партнер во преговарањето и притоа се обидувате да ја извртите вистината и вашата неспособност преку мое лично омаловажување и девалвација на улогата на НЗМ. Бидете убедени дека НЗМ ниту вие ниту било кој ќе успее да ја порази пред се затоа што во неа членуваат чесни и достоинствени земјоделци на кои приоритет им е општествениот интерес пред личниот профит на маката на земјоделците.
Ѓорги Каракашев – Национална земјоделска мрежа