
Караванот за ИПАРДОТ денеска е во Демир Хисар и село Кравари, битолско
Повикот за Мерка 1 од ИПАРД 3 Програмата, ќе трае заклучно со 29-ти март 2025 година. На располагање се 7.4 милиони евра, наменети за инвестиции во основни средства за земјоделско производство.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Телото за управување при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството ја продолжуваат кампањата за информирање и запознавање на пошироката јавност за можноста и достапноста на инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД Програма 2021-2027 (ИПАРД 3).
Повикот за Мерка 1 од ИПАРД 3 Програмата, беше објавен на 12-ти февруари и ќе трае заклучно со 29-ти март 2025 година. На располагање се 7.4 милиони евра, наменети за инвестиции во основни средства за земјоделско производство.
Главната цел на Мерката 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ е зголемување на ефикасноста, конкурентноста и одржливото земјоделско производсто во земјоделско-прехранбениот сектор. Специфичните цели на Мерка 1 опфаќаат модернизирање и преструктуирање на материјалниот потенцијал, зголемување на вредноста на производството и маркетингот, промовирање на паметен, одржлив и инклузивен раст, како и прогресивно усогласување со стандардите на Европската Унија, подобрување на позицијата на земјоделците во синџирот на исхрана и поддршка на младите земјоделци.
Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги добијат на следниве веб страници и телефонски броеви:
– Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој http://www.ipardpa.gov.mk или на 02/3097-460
-Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството http://agencija.gov.mk/ или на 047/228-330 и 047/228-370.
– Тело за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – https://ipard.gov.mk или 02/3134-477 локал 113, 114 и 115;