fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ќе има ли поддршка за произведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари за хектар?

Лозарите до крајот на годинава добиваат и 12.000 денари авансна исплата на 30% од субвенциите за тековната 2023 година, а остатокот од 28.000 денари

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски ќе предложи до потсекторската група за вино и грозје мерка за поддршка на лозарите за произведено винско, но и за прв пат, со поддршка, и за произведено трпезно грозје од најмалку 12.000 денари за хектар.

– Веднаш по завршување на бербата, добивајќи ги точните бројки, ќе ја предложиме мерката до Владата на усвојување – истакна Николовски.

Покрај оваа дополнителна поддршка, лозарите до крајот на годинава добиваат и 12.000 денари авансна исплата на 30% од субвенциите за тековната 2023 година, а остатокот од 28.000 денари, традиционално како и секоја година, за празникот Свети Трифун.

– Со новиот модел за субвенционирање, кој стартуваше од оваа година, за лозарите нема услов за минимални количини произведено и набрано грозје, па затоа сите лозари, независно од тоа колкава количина грозје произвеле, ќе ги добијат преостанатите 28.000 денари со поднесена изјава – вели Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close