fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Бектеши тврди гориво има, ама има и манипулации кои ги проверува пазарниот инспекторат

Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, изјави за Телма во телефонски разговор министерот за економија Крешник Бектеши.

-Нема простор за паника на пазарот за снабдување со нафта и нафтени деривати. Сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително има залихи нафта и бензини во стокови резерви како и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, изјави за Телма во телефонски разговор министерот за економија Крешник Бектеши.

Според Бектеши создадената паника е вештачки креирана ситуација на пазарот со криење нафтени деривати поради што на терен е излезена пазарната инспекција и ги проверува информациите добиени од потрошувачите.

– Треба да се провери дали состојбата е предизвикана од трговците со нафта и нафтени деривати или поради дезинформации на портали. Ги уверувам сите граѓани дека тоа се целосно дезинформации – има нафта и нафтени деривати во нашата држава и залихите на компаниите се проверени од страна на Пазарниот инспекторат, а секако ги знаеме и податоците на државните резерви, истакна министерот за економија Бектеши кој рече дека е недозволиво да се лимитира и ограничи набавка на деривати со определенс сума или количина.

– Разговарав со директорката на Пазарниот инспекторат – тоа е недозволиво да се направи. Не треба сами граѓаните да шират паника, да одат на бензински пумпи на ваков начин, бидејќи првично нема ништо да добијат од тоа. Во континуитет ќе има нафта и нафтени деривати и не треба сами да ја создадат кризата, затоа што кога не се купува согласно потрошувачката што е предвидена или повеќе или помалку, тоа може да создаде нарушување на пазарот. Да повторам ниту има проблем со снабдување ниту со залихите, потенцира Бектеши во телефонска изјава за Телма.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close