fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Мора повторно да ги зголемиме цените за да опстанеме, вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарска индустрија

Џабе замрзнати маржи, цените ќе растат, горивата за две недели се качија за 12 денари за литар

И покрај тоа што Владата повторно ги замрзна маржите, нема да се спасиме од ценовен шок. Од производствените компании најавуваат ново зголемување на цените на основните прехранбени производи, бидејќи цените на горивата за две недели се качија за 12 денари за литар. Од компаниите велат дека несериозно е да се очекува намалување на цените на основните производи во услови кога сè е поскапено, а компаниите се пред затворање. Од почетокот на годината затворени се околу четири илјади компании, а 90 илјади работници не примиле плата минатиот месец.

Од компаниите бараа активирање на стоковните резерви, намалување на банкарските провизии на банките, забрана за извоз на домашни житни култури до 30 декември, субвенционирање на струјата за индустријата, откажување на дел од акцизата за нафтени деривати…

-Пред да се донесе одлуката за замрзнување на маржите, баравме од Министерството за економија да се донесат субвенции за електрична енергија, нафта и гас со што директно ќе се помогнат компаниите за да нема понатамошен раст на цените. Но, сè уште не добивме одговор. Поради новото покачување на нафтените деривати, кои од 1 јуни досега се зголемени за 12 денари за литар и покрај замрзнатите маржи ќе мора повторно да ги зголемиме цените за да опстанеме, изјави за ВЕЧЕР, Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничко-пекарска индустрија при Стопанска комора на Македонија.

Според него, маржите ќе имаат ефект само кај оние производи кај кој вештачки се зголемени маржите, а тоа не се овие производи што се опфатени со одлуката на  Владата. Повеќе на линкот https://www.vecer.press/

-Цените на основните производи за кои се замрзнуваат маржите се реални. А производите на кои вештачки им се зголемени маржите, не се ни опфатени со одлуката на Владата. Треба да се намалат цените на оние производи на кои биле пресметани поголеми маржи од 10 или 5 отсто, зависи за кои производи, додава Малишиќ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close