fbpx
Вести

Ќе се берат јаболките и ќе се слуша „Црвена јабука“: Почнува манифестацијата во Ресен

Традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ ќе се одржи од 25 до 28 септември во Ресен, а со симболично откинување на првото јаболко на Крстовден официјално ќе почне и бербата на преспанското јаболко.

Манифестацијата ќе почне со вечер посветена на ресенчани насловена „Тринаесет песни за тринаесет Величествени“, а следниот ден во Домот на културата „Драги Тозија“ ќе биде отворена изложба со дела од ликовната работилница „Преспански ликовни мотиви“. На градскиот плоштад „Цар Самоил“ настап ќе имаат културно-уметнички друштва од Ресен и Хрватска, а ќе настапи и групата „Фонтана“ од Битола.

По откинувањето на првото јаболко на 27 септември, на верскиот празник Крстовден, на градскиот плоштад ќе настапат учесниците на детскиот фестивал „Си – до“ и групата „Охридска чалгија“, ќе се одржи ликовна работилница „Јаболко на хартија“, како и саем на земјоделска механизација и трибина „Предизвици и придобивки од ЕУ ориентирано земјоделство“. Вечерната забава ќе им биде препуштена на „Бени и Нон стоп“ и „Црвена јабука“.

Според програмата, на 28 септември на Градскиот стадион во Ресен ќе се одигра меморијален фудбалски турнир „Благоја Котларовски-Баги“, а во спортската сала „Зоран Стојановски“ меморијален ракометен турнир „Зоран Стојановски“, во вечерниот дел преспанци и гостите ќе ги забавуваат „Екстраваганза“ и „Слаткаристика“.


 

brif

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close