Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Од понеделник, продолжуваат дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедата

Почнувајќи од понеделник 23.11.2026 година, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата за оваа болест кај говедата, активност со која ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе во пресрет на барањата на ветеринарните друштва, изнесени на неодамна одржаниот мирен протест пред Агенцијата, за продолжување на дијагностичките испитувања за болеста бруцелоза кај говедата. Почнувајќи од понеделник 23.11.2026 година, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата за оваа болест кај говедата, активност со која ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава.

За реализирање на овие активности, Агенцијата и Факултетот, во интерес на одгледувачите на животни и заштитата на јавното здравје, најдоа решение и склучија договор за донација, со кој се овозможи континуирано вршење на овој тип лабараториски испитувања, кои за сточарскиот сектор, потрошувачите и економијата  се од исклучително големо значење. Целта на испитувањата е дијагностицирање, следење контрола и спречување на појава и ширење на болеста бруцелоза кај говедата, ставање во промет на здрави животни и нивни производи и заштита на јавното здравје.

Агенција за храна и ветеринарство

Поврзани новости

Back to top button