fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се донесе закон за донирање вишоци храна

– Со донесување на ова законско решение се воспоставува институционализиран систем на донација на храна низ целата држава, се овозможува превенција на отпад и фрлање храна и се обезбедува пристап до храна на сите ранливи категории граѓани, се наведува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во Дојран денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  учествуваше на координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.Како што соопштија од  Агенцијата за храна и ветеринарство, за време на средбата се постигнал консензус за надлежностите, системот и платформата за управување со вишокот на храна и негова донација до граѓаните на кои таа им е најпотребна.– Со донесување на ова законско решение се воспоставува институционализиран систем на донација на храна низ целата држава, се овозможува превенција на отпад и фрлање храна и се обезбедува пристап до храна на сите ранливи категории граѓани, се наведува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close