fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Раноградинарите апелираат-Сега ни требаат субвенциите!!!

ВИДЕОДраги Памуков од земјоделската задруга „Веге Фреш“ од Куклиш вели дека состојбата нема да ја ублажи ниту зелената нафта бидејќи ја добиваат многу доцна, а проблем плус биле и малите количини. Предлагаат нова методологија посебно за градинарскиот сектор.

Високите цени на нафтените деривати ќе направат дополнителен удар врз градинарското производство. Според земјоделците сето ова веќе сериозно се одразува и врз производствената цена која и така беше зголемена за неколку пати поради поскапувањето на репроматеријалите. Драги Памуков од земјоделската задруга „Веге Фреш“ од Куклиш вели дека состојбата нема да ја ублажи ниту зелената нафта бидејќи ја добиваат многу доцна, а проблем плус биле и малите количини. Предлагаат нова методологија посебно за градинарскиот сектор.

„Во градинарскиот сектор ако е пет литри по декар значи тоа е минорно и нула. Ни треба да биде во градинарскиот сектор најмалку 10 литри од декар бидејќи имаме ние две реколти, имаме ние повеќе активности, постбербени активности отпосле, транспортот за постбербените активности, значи сето тоа со оваа методологија со која сме опфатени со нафтата е многу малку за градинарството. Ни треба друга методологија и да се покачат литражите на зелената нафта. А сега колку е, толку е, треба да почнат да ја имплементираат, џабе е во октомври месец кога ќе завршиме со се. Сега ни траба на нас градинарите да се даде оваа зелена нафта, вели Драги Памуков, Земјоделска задруга „Веге Фреш“ – Куклиш

За да се ублажи ценовниот шок земјоделците предлагаат порана исплата на субвенциите во спротивно, велат ќе немаат доволно средства за подготовка на вторите култури.

„Дури и субвенциите се добредојдени, ако сме сега март. Сега ни требаат. Значи субвенциите ни се како алатка за да почнеме да ја засадиме втората култура која не очекува за многу краток период…“, вели Памуков.

https://sitel.com.mk/visokite-ceni-na-gorivata-vlijaat-na-cenite-na-ranogradinarskite-proizvodi

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close