fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонија

Ќе се проверува и останатиот род пиперки од земјоделеците чија пратка беше запрена на хрватска граница

По добивањето на информацијата кој е одгледувач на пиперките што се извоз од Македонија, а кои царината на Хрватска на нивната граница ги сопрела оти било констатирано дека има остатоци од пестициди, ќе се започне со контрола на останатото производство, дали и тоа е безбедна храна.

По добивањето на информацијата кој е одгледувач на пиперките што се извоз од Македонија, а кои царината на Хрватска на нивната граница ги сопрела оти било констатирано дека има остатоци од пестициди, ќе се започне со контрола на останатото производство, дали и тоа е безбедна храна. Ова ни го изјавија од Државниот инспекторат за земјоделие (ДИЗ), откако во средата европскиот систем за брзо предупредување во прометот на храна објави дека забранет токсичен пестицид форметанат е откриен во зеленчук – свежи пиперки увезени во Хрватска од Македонија.

„Веднаш по добивањето на официјалното Известување од надлежните органи во кое ќе бидат содржани точните податоци во однос на пратката, Државниот инспекторат за земјоделство преку надлежните државните фитосанитарни инспектори ќе спроведе вонредни инспекциски надзори во фирмата увозник со цел да се утврдат производителите на пиперките од горенаведената пратка. Потоа, согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за фитофармација, ќе се спроведат надзори кај наведените производители во однос на правилна употреба на фитофармацевтски производи“, велат од ДИЗ.

Ова е потребно заради расчистување на дилемата, што и колку од примарното производство на свежа пиперка кај одгледувачот чиј род е сопрен на хрватска граница поради присуство на форметанат, е безбедно како храна. Оти, извезеното количество е дел од производство кое треба да биде проверено.https://sdk.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close