Агро бизнисБез категоријаВести
Ќе нема веќе вработувања на државни службеници по етничка припадност!?
Европската Унија препорачува укинување на балансерот, алатка која определува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање.
Европската Унија препорачува укинување на балансерот, алатка која определува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави денеска мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање. Тој потсети дека оваа препорака е дел од скрининг процесот кој веќе е спроведен.
„Ако ЕУ вели дека треба да се укине, тогаш нема друга опција освен да ги следиме препораките од Унијата. Ова е резултат од скрининг процесот. Земјава треба да напредува според компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност,“ рече Мицкоски.