Ќе се укинува вакцинацијата против свинска чума
Преку зајакнување на био-сигурносните мерки на фармите се планира да се прекине вакцинацијата од „свинска чума“ и со тоа Македонија да си овозможи извоз на свежо свинско месо во странство. Во моментов заради вакцинирањето, не може да извезува вакво месо од земјава со што се губат многу пари. Поголем дел од домашните големи капацитети ги задоволуваат бараните европски стандарди, но ќе мора да се внимава на малите фарми со по две три грла добиток.
„Бенефитот од постигнување на овие биосигурносни мерки е тоа што ќе се подобри здравствената состојба на животните, ќе се намалат трошоците за лечење и превенција. А, со излез на странски пазари ќе се подобри и економската состојба на фармерите“, изјави Зоран Атанасовски – директор на Агенција за храна и ветерина
„Во голема мерка сега ги задоволуваме потребите од свинско месо во земјава и добродојден е извозот. Пазарот во Македонија е мал и при секој увоз на свинско месо во земјава веднаш стануваат пореметувања“, вели Дончо Димов – фармер.