Агро бизнисВестиТоп вести

Киро Ристевски му одговори на Ѓорги Каракашев дали откупот на тутунот е во општ хаос

Ристевски - Јавно кажувам досега се откупени околу 25 милиони кг. по просечна постигната цена од околу 419.8 денари по килограм. Откупот немаше никаков проблем.

Киро Ристевски – Претседател на Сојуз на тутунопроизводители со реакција до Зелена берза одговара на критиките на Националната земјоделска мрежа и претседателот Ѓорги Каракашев околу откупот на тутунот zelenaberza.com.mk

Почитувани,

Национална земјоделска мрежа и господинот Ѓорги Каракашев долго време ве следам вас и неколку “душегрижници“ околу вас, кои преку медиуми ширите демагогија и со полувистини сакате да направите револт кај тутунарите. А зошто тоа го правите? Едно е сигурно дека најмалку работите за интересот на правите тутунари. Преку медиуми не ви обрнував внимание, не сакајќи досега да дебатирам, но што е и од вас, премногу е!

Имено во вашиот последен коментар објавен во „Зелена берза“ во врска со моменталниот откуп на тутунот донесувате констатации кои се сосема погрешни и тенденциозни на кои јас лично ќе ви одговарам и со тоа ќе ја завршам тука оваа јавна преписка.

Прашувам: Со какво прво Вие обвинувате за хаос во откупот?

  1. Јавно кажувам досега се откупени околу 25 милиони кг. по просечна постигната цена од околу 419.8 денари по килограм. Откупот немаше никаков проблем.

2. Она што вие и неколкуте „душегрижници“ околу вас сакаат да го претстават како хаос се количините на недосушен тутун кој сега се носи во мал дел и се враќа од откупните организации на досушување. Меѓутоа и тој тутун ќе биде отупен бидејќи откупот на тутунот за ваша информација трае до 28 февруари.

3. Сојузот и Инспекторатот се секој ден на терен и нон-стоп се следи состојбата и ве уверувам дека ниеден лист од тутун кој има некаква употребна вредност не е неоткупен, впрочем тоа го знаат и самите тутунопроизводители и не мора, ни вие, ни тие неколку “душегрижници“ околу вас да веруваат.

4. Доколку Вие тврдите дека сте заштитници на тутунарите ЈАВНО ВЕ ПОВИКУВАМ да им соопштите на тутунарите само две работи:

-Според правилникот за процена на тутун кои тутуни не се купуваат

-Бидејќи Вие и тие околу вас тврдите дека сте добро информирани за состојбите со тутунопроизводството кај нас и пошироко ве повикувам јавно да им ги кажете на тутунопроизводителите – цените на ситнолисниот тутун во Турција, Бугарија и Грција,со што еднаш засекогаш ќе знаат нашите тутунопроизводители дали навистина нашиот тутун некој се обидува да им го земе за бес пари.

5. Никогаш, ама никогаш нема да дозволам разно – разни лица да ги манипулираат и замајуваат тутунарите за некои ситни политички поени како што правите вие.

И само за крај тутунарите воопшто да не стравуваат за тутунот, бидејќи сиот досушен тутун ќе биде откупен до крајот на откупот до 28 февруари, а вас ве молам да излезете од “филмот“ во кој сте, бидејќи на тутунарите им требаат вистински решенија на проблемите, а не луѓе кои што млатат празна слама само за интереси кои вас ви се познати.

Со почит Дипл. агроном Киро Ристевски – Претседател на Сојуз на тутунопроизводители

Поврзани новости

Back to top button