вестиТоп вести

Ќе се врати ли сончогледот на македонските ниви?!

(Oвој напис е објавен на: декември 6, 2018)

Расправајќи  се кој повеќе се занимава со политика,  трибината за договорното производство на сончоглед,  што беше организирана во општина Могила,  заврши без конкретен заклучок од некаква корист за земјоделците.

Во с. Могила стартуваше  едукативната  кампања за „Договорно производство на сончоглед“ во организација на Канцеларијата на претседателот на Влада на РМ  и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Од страна на членовите на работната група,  на чело со специјалниот советник во Влада на РМ Ленче Николовска, задолжена за реализација на кампањата, беше образложена идејата за договорно птроизводство на сончоглед.

„Сакаме заеднички да ги носиме одлуките но и да ја споделиме одговорноста за да ни биде успешен овој проект. Идејата е до март месец, до почетокот на сеидбата на сончогледот да направиме кампања, односно да одржиме вакви трибини во цела Македонија и да ги запознаеме земјоделците со целокупната идеја. Ме охрабри интересот од земјоделците да почнеме да ги заменуваме  површините што се под пченица и јачмен. Вие знаете дека не сме конкурентни во тоа производство или да биде сончогледот добра пред култура на овие житни култури“, рече во своето обраќање пред присутните Ленече Николовска.

Производството на сончоглед во минатото беше застапено на поголема површина. Во моментов, иако капацитетот на фабриката за масло „Благој Ѓорев“ од Велес е многу поголом сепак, фабриката откупува само 2000 т сончоглед. Останатото за потребите на на процесот на производство на масло се увезува. Директорот уверуваше дека фабриката  може да го откупи целокупното производство на сончоглед од домашно производство, но не може да понуди повисока цена од онаа на берзите.

„Јас како директор на единствениот производител на сончоглед во РМ, гледајќи како земјоделците се жалат дека никој не им откупува пченица , се прашувам зошто луѓето не посеат сончоглед? Ние сме спремни да го откупиме целиот род. Да бидам искрен фабриката не може да понуди повисока цена од онаа што се нуди во околните земји,  во Бугарија и Србија, затоа што би пропаднале“ , рече директорот на фабриката Горанчо Лазов во своето излагање за идејата за враќање на производството на сончоглед.

Зголемување на субвенции за одгледување на сончоглед, обезбедување на финансиска гаранција за исплата на откупените количини  како и зголемување на површините  под сончоглед се клучните моменти  кои треба во идниот период да се обезбедат за да успее проектот. На трибината беше речено дека сончогледот може да биде рентабилен само на големи површини. Мал е бројот на земјоделци што имаат големи површини.

 

„Добра е идејата,  Ленче има заслуга што не бери, ама Ленче треба да извојува кај премиерот со ЗИК – от,  да му се дадат површини на сите земјоделци. Има доста трактори , да не одат луѓето за 10 000ден да работат во фабриките. Могила може да сработи до Радобор 5 000 ха, 35 фармери нека направат во Пелагонија и решен е проблемот со ЗИК  Пелагонија, 35 фармери и производство ќе има 10 пати повеќе“, изјави Владе Јунтовски  производител на житни култури меѓу кои и на сончоглед.

Синоќешната трибина која требаше да биде собир на кој ќе се разговара за сончогледот, во моментот кога им се даде збор на земјоделоците да го кажат своето мислење, се претвори во место каде земјоделците го искажаа револтот за своите проблеми што ги тиштат: за високите цени на семињата, за ниските откупни цени, за неисплатливоста на одгледување на било што, така што за кусо време беше прекината и земјоделците не можеа да продолжат со нивните размислување  по зададената тема.

 

Павлина Јоавновска

Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close