fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Килограм свинско жива мера наскоро ќе биде едно евро?, хрватските сточари очајни

Цената на свинското месо, според пресметката на одгледувачите на свињи, до почетокот на 2025 година се лизна од 1,80 на 1,50 евра, а сега драстично падна на 1,16 евра.

Хрватските одгледувачи на свињи се очајни бидејќи цените на живата мера паднаа за дури 40 отсто. Според проценките, килограм свинско наскоро може да чини едно евро, се наведува во апелот на Хрватската земјоделска комора (ХПК).

„Без итни компензаторни мерки, нашите производители се соочуваат со можност да ги затворат своите фарми. Ваквото намалување на производството долгорочно може да доведе до зголемување на цените, кои потрошувачите повеќе нема да можат да си ги дозволат“, предупреди ХПК, наведувајќи дека се против замрзнување на цените на храната, пренесува Тпортал.

Цената на свинското месо, според пресметката на одгледувачите на свињи, до почетокот на 2025 година се лизна од 1,80 на 1,50 евра, а сега драстично падна на 1,16 евра.

„За проблемот да биде уште поголем, месните индустрии и кланиците во Хрватска престанаа да купуваат хрватски свињи – се свртеа кон Данска и Германија бидејќи таму имаше голем застој во продажбата на месо. Во август минатата година предупредивме дека поради царинските односи со Кина, откако ЕУ им воведе царина на нивните електрични автомобили, а тие го откажаа извозот на свинско месо од Европа во Кина, тоа ќе се случи.

Не очекувавме дека килограм свинско месо ќе се спушти од 1,60 на 1,16 евра, што досега е пад од 30 отсто.

„На крајот килограм жива мерка свинско ќе заврши на едно евро“, изјави Антун Голубовиќ, претседател на Комитетот за свињарство на ХПК, пишува Н1 Инфо.хр.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close