fbpx
ВестиТоп вести

Кина од државните резерви ќе го надоместува недостигот на свинско месо

Идната недела Кина преку јавно наддавање ќе продаде 10 000 тони свинско месо од резервите , соопшти министерството за трговија , за да се ограничат последиците од африканската свинска чума .

 

Кина има тешкотии со справувањето со свинската чума , поради што досега се убиени околу милион заболени свињи . Од државната компанија , која управува со државните резерви соопштија дека во вторник ќе се одржи аукција на замрзнато свинско месо , кое било увезено од Данска , Германија , Франција , САД и Британија.

Секој заинтересиран ќе може да купи најмногу 300 тони замрзнато месо.

Одлуката е објавена пред седмодневниот државен празник и прославата на 70. годишнината од осниовањето на Народна Република Кина на 1. октомври.

Поради болеста , цените на свинското нагло се зголемени , така што во август биле за 46,7 проценти повисоки од претходниот месец, што ги примора властите да ги отворат државните резерви.

Извор: канал5

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close