Добрата земјоделска практика, квалитетот на производите, заштита на животната средина и оптимално користење на водата се условите за добивање субвенции во наредните години.
По големите стопанства и земјоделците во иднина ќе мора да ги евидентираат употребените заштитни средства, ѓубривата и добиениот род.
Најмалку еднаш во пет години треба да вршат и хемиска анализа на почвата, за да се знае какви средства се користени.
Принципите на добрата земјоделска практика ќе се воведуваат постепено и на почетокот ќе важат само за одредени производители и за поголемите стопанства.