fbpx
Вести

Саем за традиционална македонска храна и активен туризам

makedonska hrana

Традиционални производи и алтернативни видови туризам по пониски цени, ќе понуди саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ што ќе се одржува утре и задутре во Рамстор Мол.

Традиционални производи и алтернативни видови туризам по пониски цени, ќе понуди саемотИс(в)куси ја Македонија“ што ќе се одржува утре и задутре во Рамстор Мол.

Како што најавуваат организаторите, на саемот ќе може да се купат крушевски домашни џемови и овошни локуми, велешки органски мед, зелено вино од Кавадарци и уште најмалку 30 производи кои не се редовно достапни во Скопје.

Посетителите воедно ќе имаат прилика да се запознаат и со богатата туристичка понуда на Македонија, како и да резервираат една од многуте авантури – планински велосипедизам во Мариово, тандем параглајдинг во Охрид, јавање коњи во Галичник,…

Саемот за традиционална Македонска храна и активен туризам „Ис(в)куси ја Македонија“ го организира Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион.


алфа.тв

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close