fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Излетал од патот Битола-Кичево, загина 58-годишник

Кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На местото на несреќата возачот починал

58-годишен кичевчанец го загуби животот на регионалниот пат Битола-Кичево откако загубил контрола на возилото „лада самара“ и излетал од патот.

Починал на местото на несреќата. Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош. Увид извиршила екипа од Полициската станица Кичево информира МВР.

На 17.07.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај с.Кладник, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. На местото на несреќата возачот починал, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close