Ќе се формираат неделни откупни цени на земјоделските производи

(Oвој напис е објавен на: February 26, 2017)

Предавањето на земјоделските производи на откупните пунктови без претходно утврдена цена ќе биде минато. Министерството за земјоделие го прифати предлогот на земјоделците за неделни откупни цени. Директорот на  државниот земјоделски инспекторат информираше дека од страна на министерството веќе биле изготвена измена на законот за земјоделство и рурален развој и истиот се наоѓа во владина процедура.

kje se formiraat nedelni otkupni ceni na zemjodelskite proizvodi

 

,, Доколку истиот биде прифатен од собранието, односно изгласан тоа ќе значи дека неделната цена ќе биде еден од условите за откуп на земјоделсите производи. Во тој дел ние како инспекторат ќе можеме да ги следиме тековните состојби со откуп на земјоделските производи. Тоа беше барање на земјоделците бидејќи тие ќе можат на неделно ниво да го пласираат својот производ и однапред да знаат по која цена ќе го продадат својот земјоделски производ,, вели Цветан Трипуновски – директор на државен земјоделски инспекторат

Земјоделците ја поздравија ваквата одлука. Велат со овие измени ќе се избегнат  големиот број манипулации околу откупната цена со кои се соочуваат секојдневно.

,, Ние долго време имавме реакции од самите земјоделци бидејќи наутро земаат амбалажа на 20 денари на пример, а потоа го предаваат производството на 15 денари. Многу време бевме воздржани, но сега и некои од трговците дадоа инцијатива да биде како едно време бившиот конзорциум каде што се одредуваа цените неделно. Сега мислам дека тоа ќе биде од голема корист за земјоделците, но и за трговските компании. Мислам дека е добро и ќе има ред во откупната политика на градинарските производи.,, вели Ванчо Митев – од здружението Еко градинар од Добрејци.

Кога законските измени со кои ќе се утврдуваат неделни цени на земјоделските производи ќе стапат на сила, од  земјоделскиот инспекторат не прецизираа.  Се надеваат дека тоа ќе биде наскоро, но сепак конечната одлука треба да ја донесе републичкото собрание.