Вести
Ќе се радикализираат ли блокадите на граничните премини
Неколкучасовниот состанок на земјоделците кај месноста Темпи во близина на Лариса, заврши. Се чини дека земјоделците не се откажуваат и ќе ги радикализираат блокадите со оглед на тоа дека доставија неколку нивни барања, но најавуваат дека од понеделник блокадите ќе се интензивираат.
Бараат од грчката Влада, поточно бараат од грчкиот Парламент да формира специјална комисија која ќе ги слушне нивните барања. Бараат исто така нивните барања да ги слушнат и лидерите на политичките партии и да заземат конкретни позиции. Се додека тоа не се случи тие ќе продолжат со блокадите.