Климатските промени ги зголемија цените на зеленчукот и овошјето

(Oвој напис е објавен на: August 14, 2017)

Климатските промени ќе удрат по џебот на земјоделците.  Значително повисока е производствената цена на зеленчукот и овошјето поради големите трошоци кои ги имаат земјоделците, пред нивните производи да стигнат на зелените пазари.

Но не само поледелството, земјоделските експерти предупредуваат дека климатските промени влијаат и врз сточарството.  Особено треба да се внимава на ширење заразни болести кај добитокот, што се смета за еден од најголемите предизвици кои што се директна последица од климатските промени.

Меѓу главните препораки од стручните лица се: производителите и одгледувачите да започнат да се прилагодуваат и промените во начинот на работа да започнат токму од индивидуалните фармери и градинари, се со цел да се намали силното влијание на климатските промени.