вестиМакедонијаТоп вести

Ветеринарите бараат еден месец продолжување на рокот за субвенции заради кризата

Ветеринарите бараат да се продолжи рокот  за да имаат време да ги завршат обврските околу пописот и земањето крв од овците и козите кои се услов за субвенциите.

Заради корона кризата ветеринарната струка иако целосно активна и оперативна сепак имаше проблеми и мал застој во работата кој се одрази со недоволен временски период да се завршат навреме обврските околу годишните програми на министерството за земјоделство во однос на контролата и заштитата на здравјето на животните. Тие заради проблемите навремено да стасаат до секое село и секое трло за да земат крв за испитување на одредени болести и истовремено да направат и попис на овците и козите побараа и официјално со допис преку ветеринарната комора да се пролонгира крајниот рок за еден месец до кога може да аплицираат сточарите за субвенциите бидејќи услов е да е завршена работата на ветеринарните служби.

-Се работи за повеќегодишни програми кои се спроведуваат и покрај сите потешкотии годинава. Ние обезбедивме дозволи за движење на ветеринарните екипи и во време на полициски час и навреме ги советувавме ветеринарите за сите здравствени протоколи кои мора да се почитуваат кога се оди на фарма за заштита пред се на своето здравје и здравјето на клиентите а исто така имаме и протоколи на работи доколку се работи за интервенција на фарма кај евентуално заболен сопственик од ковид. Заради пречките и одредениот застој во работата побаравме од министерството за земјоделство  да се пролонгира рокот за субвенциите за да може ветеринарите да ги завршат обврските квалитетно во однос на годишните програми за здравствена заштита на животните и пописот на овците и козите кој се прави истовремено рече Др.Томислав Николовски претседател на ветеринарната комора.

Во ова кризно време се покажа колку  важно да имаме квалитетна, сигурна и опремена ветеринарна служба. Тие уште со прогласувањето на пандемијата се ставија целосно со своите капацитети на располагање на владата и министерството за здравство во однос на тимови за дезинфекција кои се нивни домен како и вирусната лабораторија на факултетот за ветеринарна медицина која и ден денеска прави постојано тестови за присуство на корона вирусот. Ветеринарната комора останува на својот став и по кризата повторно ќе го афирмира своето барање за изедначување на данокот на ветеринарните услуги како кај медицинските услуги за да бидат уште подостапни за сточарите и сопствениците на миленици. Концептот на едно здравје покажа дека е важно да се грижиме за здравјето и благосостојбата на животните бидејќи е тоа директно поврзано со нашето здравје. Во тој контекст, како и  да се намалат контактите меѓу луѓето беше од неодамна и пуштена првата интернет апликација за комуникација со сите кои имаат здравствен проблеми со милениците или со репродуктивните животни. Преку едноставна регистрација на интернет страната www.vetinfo.mk можете да поставите прашање во пишана форма, да прикачите аудио запис, слика или видео за конкретниот здравствен проблем кој го имате со животните и да добиете одговор од еден од десетината врвни доктори по ветеринарна медицина кој е активен во моментот во било кој период од денот 24 часа во неделата. Овие совети од искусните ветеринари се бесплатни. Тој ќе ве упати само да го решите проблемот ако е тоа возможно или ќе ви даде совет која амбуланта е дежурна и каде да се упатите.

-Се надевам дека во иднина уште повеќе ветеринарни доктори  ќе се приклучат на оваа интернет платформа која и по завршувањето на кризата планираме да остане активна со тоа што планираме да ја надградиме и прошириме во неколку правци според потребите на клиентите и ветеринарните амбуланти. Во иднина преку оваа платформа планираме да може да се закаже преглед или некоја хирушка интервенција кај ветеринар додаде Николовски.

Апликацијата е активна е 15ти мај и досега ја имаат користено 83 клиенти но од ветеринарната комора очекуваат уште помасовно да се користи со нејзината популаризација.

З.Б.

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close