fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Климатските промени се многу поризични за економијата од пандемијата

Не само што ќе има сѐ повеќе луѓе чии куќи ќе бидат уништени во пожарите и поплавите, туку зборуваме за сериозно зголемување на цената на храната

Се развива свесноста за опасностите од климатските промени

Надлежните од нашата Народна банка потенцираат дека пандемијата не е единствен ризик во светот и во Македонија, климатските промени се една од најголемите глобални закани и добиваат сѐ поголемо значење и во активностите на централните банки, при што тие, во последните години, сѐ повеќе го анализираат влијанието на климатските промени врз финансиската стабилност и монетарната политика.
– Ја развиваме и свесноста за климатските промени, како една од најголемите глобални закани и како општествено одговорна институција, наша посебно издвоена стратегиска цел е давањето придонес кон создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на нивниот животен стандард. Овие предизвици ќе го зајакнат финансискиот екосистем, но истовремено ќе ја изменат и неговата структура. Народната банка, чија посредна цел е одржлив економски раст, ќе треба да го процени нивното збирно влијание врз финансиската стабилност, трансмисијата на монетарна политика и економскиот раст – потенцираат од НБРСМ за Нова Македонија.

Тие велат дека во следниот тригодишен период, прашањата за климатските промени и нивните ефекти врз економијата ќе бидат дел од истражувачкото портфолио на Народната банка, како и дел од водењето на монетарната политика. Исто така, тоа подразбира и анализа на влијанието на ризиците што произлегуваат од климатските промени врз банкарскиот систем.

Кој е вистински концепт за мерење на благосостојбата во едно општество

Здравко Савески, економски аналитичар, е дециден дека колку подоцна се преземаат мерки за справување со климатската криза, економскиот трошок за справување со последиците од различните непогоди што нѐ чекаат во скорешна иднина ќе бидат сѐ поголеми.
– Притоа, ударот врз животниот стандард на граѓаните исто така ќе биде сѐ поизразен. Не само што ќе има сѐ повеќе луѓе чии куќи ќе бидат уништени во пожарите и поплавите, туку зборуваме за сериозно зголемување на цената на храната – објаснува Савески.

И како што додава тој, во крајна линија климатската криза не мора да го намали БДП, но ќе покаже колку тоа е надминат концепт за мерење на кондицијата на благосостојбата во едно општество.
– Ние во Македонија многу доцниме зад современата економска мисла. Мора да се проблематизира концептот на БДП, мора да се стремиме кон одржлив развој наместо кон економски раст, бидејќи растот не гарантира развој во државата – потенцира Савески.https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close