fbpx
ВестиМакедонијаСоветиТоп вести

Хемомак пестициди- Сузбивање на штетни инсекти во градинарски култури

 

Во овој период е актуелно летното производство на градинарски култури на отворено и во затворен простор. Кај овие култури во овој период забележуваме зголемена појава на штетните инсекти, пред се лисниот минер на доматот, совици, калифорниски трипс, лисни вошки и белокрилка.

Во доматот, изминатите неколку години главен проблем од штетните инсекти е лисниот минер на доматот (Tuta absoluta), потоа совиците и белокрилката. Tuta absoluta се карактеризира со висок репродукционен потенцијал, и секоја женка може да положи до 300 јајца, а во затворен просотор може да продуцира од 10 до 12 генерации годишно.

Tuta absoluta на лист од домат

Затоа, за сузбивање на овој штетник на доматот, неопходна е примена на соодветни инсектициди. Со хемиска заштита против овој штетник потребно е да се започне уште при производсвото на расад, како и после расадувањето на постојано место. За сузбивање на овој штетник препорачуваме примена на следните инсектициди: SPINTOR 240 SC, CORAGEN 20 SC, ALVERDE, HARPUN или POLUX. SPINTOR 240 SC делува контактно и дигестивно, и делува на сите стадиуми од развојот на Тuta absoluta, јајца, ларви и имага, и дозволен e за примена во органско производство. CORAGEN 20 SC делува на стадиумите јајца и ларви, ALVERDE делува на ларвите, HARPUN делува на јајцата, а POLUX делува на пеперутките. Заради високиот капацитет за репродукција и брз развој на една генерација (24 дена на тремпература од 27°C), неопходно е кога притисокот од штетникот е голем да се скрати бројот на денови помеѓу две прскања, да се прави комбинација од два или три инсектициди кои  делуваат на различни стадиуми од развојот на штетникот, и имаат различен механизам на делување, и тоа:

  1. SPINTOR 240 SC 0,5 L/ha + HARPUN 1 L/ha + POLUX 0,5 L/ha;
  2. CORAGEN 0,2 L/ha + ALVERDE 1 L/ha + POLUX 0,5 L/ha;
  3. SPINTOR 240 SC 0,5 L/ha + CORAGEN 0,2 L/ha + POLUX 0,5 L/ha;

Наведените инсектициди покрај Тuta absoluta ефикасно ја сузбиваат и памуковата совица Helicoverpa armigera во доматот  другите градинарски култури.

Helicoverpa armigera во плод од домат

За сузбивање на белокриката (Trialeurodes vaporariorum) во доматите го препорачуваме инсектицидот CLOSER 120 SC во доза од 0,4 L/ha, кој е системичен инсектицид и делува контактно и дигестивно. CLOSER 120 SC покрај белокрилката ги сузбива и лисните вошки. HARPUN исто така е ефикасен за сузбивање на белокрилка во градинарските култури, делува на јајцата и ларвите од белокрилката и го спречува полагањето на јајца од страна на женките, а при посилен напад и заради сузбивање на имагата може да се комбинира со CLOSER 120 SC.

Во производството на пиперка главен проблем се лисните вошки, белокрилката, памуковата совица и калифорнискиот трипс. За сузбивање на лисните вошки и белокрилка во пиперката го препорачуваме инсектицидот CLOSER 120 SC 0,4 L/ha, за сузбивање на памуковата совица препорачуваме примена на  SPINTOR 240 SC 0,5 L/ha, CORAGEN 20 SC 0,2 L/ha или ALVERDE 1 L/ha, а за сузбивање на калифорниски трипс SPINTOR 240 SC 0,5 L/ha.

Во краставицата и корнишонот оваа сезона забележуваме зголемена појава на калифорнискиот трипс, и за негово сузбивање го препорачуваме инсектицидот SPINTOR 240 SC во доза од 0,5 L/ha. Исто така забележуваме појава на лисни вошки и белокрилка и за нивно сузбивање го препорачуваме инсектицидот CLOSER 240 SC 0,4 L/ha.

 

Подготвил: м-р Васко Манев

Слични написи

Back to top button
Close