fbpx
Вести

Кочанските земјоделци не сеат ориз, незадоволни се од цената

oriz

Наместо интензивна подготовка на земјоделските површини за засејување со ориз, земјоделците од кочанскиот регион се откажуваат од производството на “белото злато“. Бавниот откуп и ниските откупни цени за килограм арпа се повеќе ги оддалечува од нивите. Велат дека уште пред почетокот на новата сеидбена сезона се свесни дека ќе наесен кога ќе жнеат ќе немаат никаков ќар од произведеното.

„Па, и ние ќе се откажеме, 15 денари, 16 денари, и тешко ги земаме парите, не лажат, утре парите, друг ден парите, а оризот ќе ти го земат. Субвенции, нема ништо. Нека се одбие, поарно, нема зошто да се сее, во оваа ситуација нема зошто да се сее. Не сакаат, нема цена, имам ориз продадено, не сум земал три месеци пари. Гајле немаат, луѓето не прават проблем, ако сакаат се нека одбијат“, рекоа земјоделците.

И од водостопанската подружница “Брегалница“ потврдуваат дека од ден во ден се поголем е бројот на земјоделци кои им најавуваат дека не сакаат вода за наводнување на оризовите ниви.

„Искажуваат незадоволство дека од предвидените оризови површини ќе се откажат  од самото сеење. Ние како водостопанство во тој дел не можеме многу да се мешаме, наше е да испорачаме вода, а тие дали ќе ги сеат површините или не, тоа зависи од нив“, рече Јане Атанасов од водостопанската подружница “Брегалница“ – Кочани.

Земјоделците кои веќе ги ораат нивите велат дека наместо ориз ќе сеат други земјоделски култури.

„Ќе сееме пченица, ќе сееме жито, поубаво е жито да сееме или пченка, лубеници, пипер ќе сееме, поубаво наместо ориз. Од ориз немаме ништо во минус сме. Ние земјоделците работиме, произведуваме да јаде народот, нас не не заштитуваат, не не гледаат. Да работиш, да произведуваш, да нема да јадеш, каде го има тоа“, велат земјоделците.

Според годишниот план за наводнување со ориз, оваа сезона треба да се засеат околу 5000 хектари. Сепак, ако и покрај потпишаните договори со водостопанската подружница земјоделците се откажат од сеидбата, прашање е како ќе се регулира функционирањето на каналската мрежа, без притоа да се предизвикаат штети од поплавување кај нивите кои наместо со ориз ќе се засеат со други земјоделски култури.

 


 

24 вести

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close