fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кочанските оризопроизводители утре на состанок во МЗШВ со министерот Трипуновски

Оризопроизводителите во петокот најавија дека ќе протестираат

Кочанските оризопроизводители утре во 13 часот ќе присуствуваат на состанок во Скопје на кој ќе бидат ресорниот министер Цветан Трипуновски и претставници на откупувачите.

Оризопроизводителите во петокот најавија дека ќе протестираат оти околу два месеца нема откуп на оризовата арпа, а цената е ниска и е на ниво од пред три години. Околу 80 проценти од минатогодишната реколта е во амбарите и стои неоткупена, а земјоделците немаат пари ниту за егзистенција, ниту пак да се подготват за новата сеидба.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close