вести

Николовски им даде ветер во грб на овоштарите чии праски завршија на депонии

praski

Министерот за земјоделие со вончовечки напори бара деновиве решение за проблемите со кои се соочуваат овоштарите.

Поради ниската откупна цена и немањето пласман изминативе денови праските од Росоман од кои поголемиот дел се со лош квалитет завршија на депонија и расфрлани по улици.

Министерот вчера им даде ветер во грб на овие земјоделци. Тој посочи дека сериозно се разгледуваат сите нивни барања и ја повтори одлуката за дополнителните шест денари субвенции со која ќе им се помогне на овоштарите со демант дека се увезуваат праски.

Николовски посочува дека во изминатите години не е направено ништо и во однос на исплатата на штетите од неповолните временски услови како и од годинашното измрзнување.

Првиот човек на земјоделството вети дека ќе се надмине и проблемот со АД водостопанство каде што е во тек смена на раководната структура откаде правеа проблеми во однос на пуштањето на системот за наводнување и со водата што допринело за лошиот квалитет на праската.


 

фактор.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close