fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Шумски полицаец фатен да кради дрва

Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има, велат од МЗШВ.

Во текот на вчерашниот ден во 15.00 часот во м.в. Дупка, с.Таласманци, кратовско, од страна на Шумската полиција запрено е возило кое превезувало огревно дрво во количина од 8,70 м3.

При извршената контрола утврдено е дека лицето Ј.М. кое што управувало со возилото е вработено во

Шумска полиција Крива Паланка и воедно е со несоодветни исправи, односно на самата испратница како возач на возилото наведено е друго лице со иницијали М.Ј.

Од таа причина од страна на Шумската полиција возилото е привремено одземено и е предадено во ЈПНС Кратово до соодветна понатамошна постапка. Против вработеното лице ќе се спроведе постапка, одговорност за ова ќе има.

Работиме максимално во стопирање на криминалот и нелегалната трговијата со дрво.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close