Кои се најуспешните фирми во Куманово за 2023!?
Во Топ-10 добивки во Куманово влегуваат и Бучен Козјак и Екстра Меин
Оливер Бојковски е бизнисменот чија компанија направи најголема добивка од сите останати во Куманово во 2023. „Мега Доо“ е друштво з аизградба на станови и транспорт, а го поседува и малиот „Мега-Мол“ во скопско Ново Лисиче. Компанијата тргува и со градежен материјал и ималa 52 вработени до крајот на минатата година. Има раст на добивката од 24 отсто, истражува https://faktor.mk/
Во Топ-10 добивки во Куманово влегуваат и Бучен Козјак и Екстра Меин од млечната, односно сувомесната индустрија. Стандардно тука е и Рапид Билд, компанијата на Тони и Дејан Каранфиловски, за изградба на инфраструктура и станбени згради.
Во високата петорка оваа година е Јуниор-ПВЦ на Митко и Елена Николовски за продажба на опрема, уреди и цевки поврзани со водовод и парно греење. По нив е Термалифт ДД, на Драган, Фросина и Филип Дамјановски, за производство и продажба на дигалки и вилушкари.