fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Современи системи на молзење – спас за млекопроизводството

Компанијата „Синпекс“ ДОО Битола, нуди опрема од турската компанија „Куртсан“.

Од пред повеќе од една деценија помеѓу самите млекопроизводители беше познат муабетот дека на пазарот на производство на млеко ќе опстојат само оние кои навреме ќе успеат да го зголемат производството на млеко преку воведување на современата технологија на молзење, исхрана, чистење на ѓубрето и следење на податоци преку читачи инсталирани на стоката.

Нема достапен опис

Веќе сме сведоци дека сите оние мини семејни фарми кои во периодот од 2008- 2012 година, броеја по десетина и помалку грла сега речиси и да ги нема.

Во денешни услови, со ниски откупни цени на млекото, а се повисоки цени на исхраната, како и потребата за воведување на современа технолигија, како и целосна изградба на модерна фарма го доведуваат млекопроизводителот до прашањето-дали да продолжи да вложува, да се задолжува со кредити или да продаде дел од капиталот и да донесе одлука да ги пренамени просториите. Голем број на фарми зјаат празни и се претворени во складишта за механизација, но најчесто тоа е простор кој не може да се искористи, а и не е вреден да се продаде, бидејќи се наоѓа во рурална средина.

Нема достапен опис

Уште една причина која доведе до пропаѓање на голем број на мини фарми и значително намалување на сточниот фонд во Македонија се покомплицираните критериуми и услови кои требаше да бидат исполнети за да може да се набави современа опрема преку ИПАРД фондовите. Најголем проблем беше тоа што постоечките живеалишта на стоката се наоѓаа во самите дворови и мораше да се направат нови објекти на определена оддалеченост од атарот на селата. Другиот проблем се однесуваше на проблемот со легализацијата на земјиштето.

 

Компанијата „Синпекс“ ДОО Битола, во овој дел нуди опрема од турската компанија „Куртсан“.

Опремата се однесува на комплетно опремување на фармата, почнувајќи од организација на просторот во шталите со предвидени места за стоката, хранилки, молзење и линија на млеко во комплетно затворен систем до лактофризер.

Системот на молзење кој е познат како линија на млеко се инсталира во фарми каде стоката, конкретно кравите, се врзани.

Се инсталира линија каде поминува млекото, вакумот и водата за подоцна системот да се испере автоматски. Овој систем е идеален за фарми со не повеќе од 50 грла.

Нема достапен опис

Поголеми фарми каде кравите се пуштени и слободно се движат системот на молзење е поразличен. Во определен дел од фармата се поставува систем на молзење за одреден број на крави одеднаш, каде кравите се движат, се врши молзењето и потоа се враќаат назад во просторот каде престојуваат.

Овие системи на молзење, како и системот за чистење со скрепери, овозможуваат поефикасно измолзување, зголемен квалитет на млеко, како и скратување на просечно време во текот на денот кое го поминува фармерот. Ова оди во прилог на тоа што се потешко се наоѓаат обучени работници за во фарма.

Тимот на „Синпекс“ ДОО Битола, ви стои на располагање за помош во овој дел, со цел избор на најдобра понуда за секоја поединечна фарма која планира да продолжи да се занимава со млекопроизводство на начин кој го бара современата индустрија.

Нема достапен опис

 

Бојан Ѓеровски за Зелена берза

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close