fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кои се најголемите пет домашни тутунски компании? Вртат над 100 милиони евра!

Официјалните податоци покажуваат дека приходот на најголемите пет тутунски компании лани надминува 100 милиони евра. Најголем дел од овие приходи се остварени од извоз.

Државниот Тутунски комбинат Прилеп доживува ренесанса во своето работење покажуваат неговите финансиски резултати. Има најголем раст на профитот кој лани е за 4,3 пати поголем од претходната година. Неприкосновен учесник на тутунскиот пазар и лани останува „Алајанс Уан Кавадарци“ македонската филијала на најголемиот светски снабдувач со тутун на производителите на цигари, анализира Фактор.мк

Тутунот е еден од најконвертабилните македонски добра кое со децении наназад било и уште е еден од најважните извозни добра. Заради тоа тутунот е едно од трите производи кои се насликани на државниот грб на Македонија заедно со афионот и со памукот.

Значењето на тутунот за поновата македонска историја, поточно периодот на независноста на почетокот на деведесетите години на минатиот век, ќе го илустрираме со еден пример. Тутунските залихи на тогашниот гигант Македонијатабак биле заложени како пандан за девизни резерви за надворешно-трговска размена при осамостојувањето на Македонија.

Индустријата за преработка на тутун веќе го нема доминантното значење што го имала пред децении, но факт е, дека и денес претставува еден од столбовите на трговската размена со странство.

Официјалните податоци покажуваат дека приходот на најголемите пет тутунски компании лани надминува 100 милиони евра. Најголем дел од овие приходи се остварени од извоз.

Најголема македонска компанија за преработка на тутун и лани е „Алајанс Уан“ со седиште во Кавадарци. Оваа компанија е филијала на „Алајанс Уан Интернационал“ ЛЛЦ е најголем светски снабдувач со тутун на големите интернационални производители на цигари. Минатаа година оваа компанија остварила приход во износ од 41 милиони евра, а добивката изнесува 2,5 милиони евра.

Втор најголем домашен играч на тутунскиот пазар е поранешниот Скопски тутунски комбинат кој повеќе од дваесет години е дел од меѓународната групација „Империјал Тобако“. Неговите приходи лани изнесуваат 27,4 милиони евра, а добивката лани била 1,33 милиони евра.

Трет на листата најголеми во Македонија е нашата државна компанија Тутунски комбинат Прилеп. И тука вреди да се истакне дека последниве години компанијата работи успешно за разлика од претходниот период. Лани приходите пораснале за 29 отсто до износ од 21,1 милиони евра, а добивката изнесува 2,2 милиони евра. Државната компанија во оваа конкуренција е бизнис на годината затоа што го зголемила профитот за 4,3 пати во однос на 2020 година.

Во петте најголеми е и компанијата со седиште во Прилеп и е кооперација на грчките производители на тутун , со назив СЕКЕ. Нивниот приход изнесува 14,1 милиони евра, а добивката е 1 милион евра.

Во групата најголеми има и еден домашен претприемач од Прилеп. Станува збор за домашно поседувана компанија која се вика Пашоски тутунски дилер Прилеп и е сопственост на Владко Пашоски.

Ова друштво лани остварило приход од продажба во износ од 3,8 милиони евра, а на годината ја завршило со добивка од 22.800 евра што е за 2,8 пати подобар резултат од 2020 година.https://faktor.mk/koi-se-najgolemite-pet-domashni-tutunski-kompanii-vrtat-nad-100-milioni-evra

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close