fbpx
ВестиВино

Василево ја гради петтата индустриска зона, наменета за винарии!

Василево продолжува да инвестира во отварање на индустриски зони. Само што заврши продажбата на парцелите од четвртата, општината веќе ги започна подготовките за изградба на нова индустриска зона.

За разлика од претходните четири кои се наменети за производствени капацитети и откупно дистрибутивни центри, во еден дел од петтата индустриска зона планирано е изградба на фотоволтаични системи, а дел од парцелите ќе бидат наменети за отварање на мали винарии.

vasilevo ja gradi pettata industriska zona nameneta za vinarii

 

Градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов вели дека ваквата одлука произлегла од интересот кој веќе подолго време го покажувале повеќе инвеститори, но и поради фактот што токму на територијата на нивната општина има голем број на површини со лозови насади од кои се добива едно од најквалитетните грозја во државата.

– Петтата индустриска зона се протега на површина од 15 хектари од кои една од околу 2 хектари ќе биде со намена за винарија, а другите пет парцели ќе бидат со намена за фотоволтаични системи. Целта ни е да го искористиме нашето поднебје, нашите квалитетни земјоделски производи, нашите сончеви денови за да можеме да бидеме што поефикасни и да можеме да придонесеме во развојот на индустријата и во развојот на целокупната економија како на Република Македонија, така и на општина Василево, вели Ванчо Стојанов, градоначалник на општина Василево.

Индустриските зони во Василево се простираат на површина од 146 хектари. Во три од постоечките четири има изградено 77 капацитети кои веќе функционираат и вработуваат над 400 лица, бројка која во текот на летниот период поради сезонските активности значително се зголемува. Дваесет капацитети се во фаза на градба, а за деветте парцели сопствениците веќе извадиле одобренија за градба.

Наскоро се очекува одобренија за градба да добијат и сопствениците на трите парцели кои неодамна беа продадени во четвртата индустриска зона.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close