fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Кој навистина зборува во име на тутунарите – и каде завршуваат нивните пари?, пишува Игор Мирчески

Најнепријатното прашање е и наједноставното: Каде се парите?

Кој навистина зборува во име на тутунарите – и каде завршуваат нивните пари?, пишува Игор Мирчески.

Ако владеењето на правото е темелна вредност, во случајот со тутунопроизводителите, тоа правило со години останува без одговор. Тутунарите задолжително издвојуваат 0,38% од вредноста на предадениот тутун. Не доброволно. Не симболично. Туку системски како обврска.

Прашањето е: кому му ги доверуваат тие пари – и врз основа на што? Во јавноста постои „Сојуз“ што настапува како глас на тутунарите, преговара со институции и испраќа пораки во нивно име.

Но прашање е: Кој Сојуз, неговиот правилен назив? Кога е формиран? Кои здруженија го сочинуваат? Кои и колку тутунари се членови на здруженијата? Дали тутунарите одлучиле токму тој Сојуз да биде „репрезентативен“?

Без јасни одговори, тоа не е претставување – тоа е самопрогласување. Кој ги избрал тие што одлучуваат? Кои се органите на управување на тој Сојуз? Кој, кога и како ги избрал? Ако нема јавно познато собрание, записници, избори и мандати – тогаш нема ниту демократска основа. А, без демократска основа, нема право некој да преговара за трудот, цената и иднината на илјадници тутунари!?

Најнепријатното прашање е и наједноставното: Каде се парите?

Зошто: нема јавно објавен Финансиски извештај за 2024 година? Не се знае колку средства се собрани по основ на 0,38%? Не е јасно каде се депонирани и за што се потрошени? Нема финансиска програма за 2025 година со планирани приходи и расходи? Ова не се технички пропусти, ова е молк за пари што не се приватни, туку собрани од илјадници тутунопроизводители.

Кому одговара Сојузот? Секој што управува со средства собрани од тутунарите е должен на: јавна отчетност, финансиска транспарентност и постојан увид од оние што ги финансираат. Ако одговорноста не е кон тутунарите, тогаш логично се поставува прашањето: кон кого е?

Во држава што се повикува на владеење на правото, тишината не е одговор, најчесто значи дека нешто не смее да се види. Тутунарите бараат одговори. А јавноста има право да ги добие.

Став на Игор Мирчески, добар познавач на состојбите во тутунопроизводството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close