fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кој во Македонија прави милиони од сладолед?

Како заработуваат македонските големи производители на сладолед? Лани сосема пристојно затоа што на профит останувале солидни суми. Најголем домашен производител на сладолед убедливо и неприкосновено е битолски „Цермат“ со добивка од 3 милиони евра, а скопски НЕХО има профит кој изнесува 28% од приходите на компанијата

Како е во Македонија?

Во недостиг на официјална статистика за тоа колку сладолед јаде просечно државјанин на Македонија мора да се задоволиме со фактот дека во базата на Централниот регистар има повеќе од 100 фирми кои во својата дејност меѓу другото имаат регистрирано и производство на сладолед, пишува Фактор.мк.

Убедливо најголем производител на сладолед од Македонија е битолската семејна фирма „Цермат“ чии сопственици се Зоран Ристевски и Виолета Ристевска Лазич. Нивниот приход лани надминал 1 милијарда денари односно повеќе од 17 милиони евра. Добивката на компанијата е речиси 3 милиони евра.

Втор сладоледџија лани според остварениот приход од продажба е НЕХО лоцирана во скопската општина Шуто Оризари. Нивните приходи лани изнесуваат 2,7 милиони евра и се повисоки за речиси 30 отсто во споредба со 2020 година. Добивката на ова друштво лани изнесува 748.000 евра и е за 70 отсто повисока од претходната година.

Битолскиот гигант добил и свој ривал. Макар по тоа што користи сличен назив. Станува збор за битолската фирма „Цермат Сладолед“ сопственост на Горан Микаровски. Ова друштво лани остварило приходи од 641.000 евра и тоа е во рамки на работењето во 2020 година. Добивката лани изнесува 33.000 евра и тоа е речиси три пати подобар резултат од претходната година.

Во големата четворка производители на сладолед е и македонскиот производител со италијанско име „Дежаву Целато“. Ова друштво со седиште во Скопје лани продало сладолед во вредност од 590.000 евра и од тоа заработило 28.000 евра.

https://faktor.mk/ima-li-nekoj-shto-ne-go-saka-koj-vo-makedonija-pravi-milioni-od-sladoled

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close